Практично советување за е-пазар

ПРАКТИЧНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА Е-ПАЗАР


Датум06.12.202година (вторник)

Време: 10:00 – 16:00 часот 

Место: Хотел Квинс, Скопје


ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ –

Побрзајте и обезбедете си место и бесплатна реклама на стоките што ги нудите во е-каталогот, не дозволувајте конкуренцијата да ве претекне и да ве истисне од пазарот на набавки од мала вредност!


- ДОГОВОРНИ ОРГАНИ -

Олеснете си и набавувајте преку е-пазарот, запознајте се со правилата на користење на е-пазарот!

(пропишани со Правилникот за видовите набавки и начинот на вршење набавки од мала вредност преку е-пазар на набавки од мала вредност на електронскиот систем за јавни набавки од  Сл. весник на РМ бр. 24/19 и Сл. весник на РСМ 87/21)

 

НОВИНА: Набавките на следните видови на производи: канцелариски материјали, средства за хигиена, стоки за широка потрошувачка, прехрамбени производи и вода, ИТ и компјутерска опрема, сѐ почесто се набавуваат преку е-Пазарот, наместо преку редовна постапка на ЕСЈН. Пласирајте ги вашите производи во форма на е-каталог и станете дел од пазарот за набавки од мала вредност.

Посебен осврт: Практична презентација на целосно спроведување на набавка преку електронскиот пазар за договорни органи и поставување, управување на електронскиот каталог и поднесување на понуда за економски оператори

Дополнително советување: Од план за јавни набавки до реализација на договорот сите фази во процесот, фокус на специфичности, дилеми и најчести прашања


Советувањето е наменето за сите договорни органи, лицата-единици за јавни набавки, членовите на комисии и одговорните лица, економски оператори, сопственици на компании, лица кои учествуваат во подготвување на понудите, консултанти и за сите други заинтересирани лица.

Целта на ова советување е преку стручен, интерактивен и практичен пристап да се презентираат новините во област на јавните набавки поврзани со електронскиот пазар и кои бенефити ги нуди истиот за договорните органи и економските оператори. 


ПРЕДАВАЧИ:

м-р Марија ЈОВАНОСКА и м-р Горан ДАВИДОВСКИ, експерти во област на јавните набавки со долгогодишно искуство во одржување едукативни настани и директни учесници во процесот на изработка на регулативата од област на јавните набавки.


ПРИЈАВУВАЊЕ:

Цената за учество на советувањето е 4.900 МКД + 18% ДДВ за еден/-на учесник/-чка.

Во цената е вклучено: учество на советувањето, кафе, освежителни пијалоци за време на паузата, ручек и сертификат за учество. Плаќањето се врши по основ на про-фактура/фактура пред или по одржување на советувањето.

Пријавувањето за учество на советувањето се врши најдоцна до 02.12.2022 год. (петок) на е-пошта: obuki@act.com.mk

Информации за ова советување може да добиете на 075/227-126


Developed By: