Онлајн советување за управување со отпад за правните лица

ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ: 


ОСВРТ НА НОВИТЕ ЗАКОНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И ДЕТАЛНА ПОДГОТОВКА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ЗА ПРАВНИТЕ ЛИЦА


Датум: 06.12.2022 година (вторник)

Време: 13:00 - 16:00 часот

Место: конференциска врска ZOOM


АЦТ! Ве поканува на онлајн советување на кое ќе биде даден осврт на причините за донесување на новите закони за управување со отпад и главните елементи на регулативата. Меѓу другото, советувањето ќе го има во фокус и толкувањето и имплементацијата на правата и обврските на правните лица кои имаат обврска за „Управител со отпад“.

Со цел оспособување на компаниите и управителите со отпад за изготвување на подобри, попрецизни и реални програми за управување со отпад, советувањето ќе ги опфати следните следните теми:

- Цели за изготвување на програма за управување со отпад
- Рокови и институции до кои се доставува програмата за управување со отпад
- Содржина на програмата за управување со отпад
- Измени и дополнувања на програмата за управување со отпад
- Известувања за спроведување на програмите за управување со отпадот
- Управување со отпад на регионално ниво
- Одговорности на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина
- Одговорности на единиците на локалната самоуправа и
- Прекршочни санкции за неизготвување на програма за управување со отпад.


ПРЕДАВАЧ:


м-р Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, дипломиран инженер технолог, магистер по природни науки и меѓународен експерт за управување со отпад.


ПРИЈАВУВАЊЕ И НАДОМЕСТ ЗА УЧЕСТВО:

Цената за учество на советувањето изнесува 2.400 МКД + 18% ДДВ за еден/-на учесник/-чка. За пријавени 3 и над 3 лица од ист правен субјект следува попуст од -10%.

Во цената е вклучено: учество на советувањето, материјали од советувањето во електронска форма и е-Сертификат.

Плаќањето се врши по основ на про-фактура пред одржување на советувањето или по основ на фактура по одржување на советувањето.
 
Пријавувањето за учество на советувањето се врши најдоцна до 02.12.2022 година (петок) на е пошта: obuki@act.com.mk

Информации за ова советување може да добиете на 075/227-126

Developed By: