НОВ ДИСТРИБУТИВЕН СИСТЕМ - ИМОТЕН ЛИСТ ОД ДОМА, ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ

Новиот „Дистрибутивен систем“ овозможува огромна палета на производи и податоци од катастарот кои до сега граѓаните и бизнис заедницата ги обезбедуваа на физичките шалтери на катастарот, да се добиваат преку веб страната на Агенцијата за катастар на недвижности. Податоците кои ќе бидат достапни на порталот се: Податоци од катастарот на недвижности, Геодетски податоци, Картографски податоци и Податоци од регистарот на просторни единици за целата територија на Република Македонија. Од особено практично значење е тоа што корисниците на многу едноставен начин ќе можат да добијат имотен лист од својот дом, односно од работното место, а исто така дел од понудените функционалности на порталот се и онлајн плаќањата за услугите. Корисници на овој систем се сите граѓани во и вон границите на Република Македонија, како и правни лица како што се: градежни и геодетски компании, јавни институции, општини, и Министерства.

 

Developed By: