ОДРЖАН СЕДМИОТ ФОРУМ ВО ОБЛАСТА НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

На 22.03.2016 година во Стопанската комора на Македонија се одржа седмиот Форум на чинители и засегнати страни во областа на обновливите извори на енергија (ОИЕ). Главна цел на организаторите на форумите е да се соберат на едно место претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор, за да дискутираат актуелни теми од областа на ОИЕ. На овој форум се презентираа и дискутираа следните актуелни теми:

1. новиот повик за концесија на води за производство на електрична енергија од мали ХЕЦ кој го објави и спроведува Министерство за животна средина и просторно планирање,

2. промените во законите поврзани со планирање, управување и пренамена на земјишта и одобренија за градење,

3. инвестицијата во првата електроцентрала на биомаса и

4. искуствата на МЕПСО во откуп и пласман на електрична енергија произведена од обновливи извори.

Дарко Јаневски од АЦТ!, кој е ангажиран како долгорочен консултант (специјалист за обновливи извори на енергија) на Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија, во својата презентација ги опфати позначајните измени на прописите за планирање, управување и пренамена на земјишта и за градење, кое беше надополнето со излагањето на претставник од Министерството за транспорт и врски. Како резултат на конструктивните дискусии, Во прилог се дадени заклучоците и препораките од овој форум.

 

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ ОД СЕДМИОТ ФОРУМ НА ЧИНИТЕЛИ И ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ ВО ОБЛАСТА НА ОИЕ

1. Пред објава на наредните тендери за концесии или најдоцна пред склучување на договорот за концесија за користење на води за производство на електрична енергија од мали ХЕЦ, Владата на РМ и надлежните органи да:

а) ги расчистат имотно-правните прашања поврзани со локациите на кои ќе се гради машинската хала, ќе поминува цевководот и ќе се изведува приклучокот кон мрежата на ЕВН, а особено во однос на: - изложување на земјиштата заради регулирање на сопственичкиот статус (определување на титуларот) и нивно впишување во катастарот на недвижности - легализација на бесправно изградените градби (далноводи) во мрежата на ЕВН или б) обезбедат информација во тендерската документација за горенаведени спорни прашања врз основа на која потенцијалните инвеститори навремено ќе ги осознаат можните ризици и дополнителни трошоци.

2. Постапките за пренамена на земјоделско земјиште во градежно и за давање под закуп на градежно земјиште сопственост на РМ, особено во случај на земјиште на кое ќе се гради објект од јавен интерес и за кој претходно е донесена одлука или веќе е склучен договор за доделување на концесија да бидат поедноставени. Во таа смисла, треба да се намали бројот на вклучени органи, односно Владата на РМ да не биде вклучена во постапките, туку надлежното министерство да ја завршува постапката, а Владата само да биде известена за исходот.

3. Со цел избегнување на проблемите кои настануваат при одредување и изведба на приклучокот кон дистрибутивната мрежа, ЕВН како оператор на мрежата треба да: - биде вклучена во работната група за изработката на тендерите за концесија со свои претставници, и/или - обезбеди информации за потребните средства за реконструкција на мрежата кај местото определено како приклучна точка уште во самата тендерска документација, и/или 2 - изврши навремена реконструкција на мрежата кај местото определено за приклучна точка врз основа на јавно достапните податоци за локациите на кои се планира изградба на мали ХЕЦ.

4. МТВ да изврши дополнување на Законот за градење и / или Законот за постапување со бесправно изградени објекти со едно транзициско решение согласно кое на барателот (инвеститорот) ќе му се издаде одобрение за градење на приклучок кон функционална градба во мрежата на операторот (ЕВН), иако градбата е бесправно изградена. На издавањето на одобрението да претходи потврда од ЕВН дека конкретна градба (дел од мрежата) е функционална, односно во употреба. Ова законско решение да се применува одреден временски период (на пример, до крајот на 2017 година), односно до кога се предвидува да завршат постапките за легализација на бесправно изградените објекти врз основа на поднесен геодетски елаборат.

Developed By: