ДАРКО ЈАНЕВСКИ СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ТЕМА „ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО МАКЕДОНИЈА: ИСКУСТВА И ПРЕДЛОГ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ЗА НИВНО ПОДОБРУВАЊЕ“

На 14.03.2017 година во просториите на хотел Холидеј Ин се одржа конференција на тема „Јавните набавки во Македонија: искуства и предлог законски решенија за нивно подобрување“. На конференцијата беа опфатени предлозите за законски решенија за подобрување на системот за јавни набавки во Македонија и резултатите од проктот за поддршка на микропретпријатијата во јавните набавки финансиран од УСАИД и спроведен од Центарот за граѓански комуникации.

На конференцијата учество земаа претставници на договорни органи, економски оператори, надлежни институции, бизнис асоцијации, меѓународни институции  и експерти од областа на јавни набавки. За можните промени од правна рамка свое излагање имаше и експерт од АЦТ! Дарко Јаневски.

По повод предлозите кои предизвикаа интересна дискусија меѓу присутните Дарко Јаневски гостуваше во дебатната емисија Топ Тема на Телма телевизија во која беше дискутирано за одредени актуелни тендери, примената на законските норми и дали и колку тендерите се спроведуваат согласно регулативата или има корупција и фаворизирање се одредени компании/институции.

Developed By: