ЗАВРШИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ЧИСТА ЕНЕРГИЈА

После четиригодишна имплементација на 13 септември 2017 година беше одбележано завршувањето на Проектот за инвестиции во чиста енергија, финансиран од УСАИД и имплементиран од Winrock International. Како главен подизведувач на проектот учествуваше АЦТ! ДОО Скопје.

Проектот имаше за цел преку подобрување на законодавството да се зголемат инвестициите во енергија од обновливи извори, да се намали потрошувачката на енергија и да се намалат емисиите на стакленички гасови.

Проектот го воспостави Форумот на чинители и засегнати страни во ОИЕ како единствен механизам за јавно-приватен дијалог, кој овозможи инвеститорите во обновлива енергија, заедно со владините институции, интензивно да се вклучат во процесот на поедноставување на законодавството за инвестирање во ОИЕ. Како резултат на проектните активност, се променија неколку закони и подзаконски акти со кои се скрати временската рамка на инвестициите во обновлива енергија од првичните 36 на 24 месеци.

За време на имплементацијата на Проектот, се реализираа низа активности и беа постигнати следните резултати: 

• Студија на квантификација на промените на земјиштето во РМ; 

• Воведување на техники за далечински сензори и географски информациски системи(ГИС) за следење на промените на шумите; 

• Извештај за имплементација на Студијата за одржлив развој; 

• Двогодишни извештаи за промовирање на користењето на енергија од ОИЕ; 

• Анализа, препораки и акционен план за едукација за правилно согорување и загревање на домовите; 

• Нова методологија за пресметка на заштедите на стакленички гасови како резултат на користење на ОИЕ; 

• Нова методологија за изработка на енергетскиот биланс; 

• Измени и дополнувања на Законот за енергетика; 

• Студија за изводливост на воспоставување на електронски систем за прибирање и размена на податоци за енергетски биланс; 

• Поедноставување на постапките за инвестирање во ОИЕ; 

• Формиран Форум на чинители и засегнати страни во областа на ОИЕ; 

• Предложени измени и дополнувања на Законот на индустриски зелени зони; 

• Подготвен вториот Национален акциски план за енергетска ефикасност (НАПЕЕ); 

• Изработена Програма за обука на енергетски контролори; 

• Изработени и усвоени подзаконски акти за обука, испит и сертификација на енергетски контролоти; 

• Изработени подзаконски акти за еко-означување и еко-дизајн на производи поврзани со енергија; 

• Анализа на можностите за воведување на нови механизми за поддршка на учеството на ОИЕ во производството на електрична енергија; 

• Мапирање на елементи на ниско-емисиони и 

• Развојни стратегии(ЛЕДС) во националното стратегиско планирање.

Developed By: