СПРОВЕДЕНИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА Е-НАБАВКИ ЗА МИКРИОПРЕТПРИЈАТИЈА И АКТИВИСТИ НА НВО ОД ИСТОЧНИОТ И ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Во рамките на проектотот „Пристап на микропретпријатијата до јавните набавки“, финансиран од УСАИД и имплементиран од невладината организација „Центар за граѓански комуникации“ (ЦГК), на 16 и 17 декември 2015 година во Велес се одржаа две еднодневни обуки за е-набавки. Обуките ги одржа експертот од АЦТ! Дарко Јаневски, кој е сертифициран обучувач за јавни набавки и чија потесна специјалност се е-набавки. Учесници на првата обука беа активисти од невладините организации: ЦГК, ЕХО од Штип и Фокус од Велес кои се директно инволвирани во спроведување на проектните активности. На втората обука учествуваа 20 претставници од микро и мали претпријатија од источниот и вардарскиот плански регион.

Во пресрет на почетокот на примена на законската обврска за постепена задолжителност на е-набавки, се појави потреба од подетално и практично запознавање на економските оператори, особено микропретпријатијата, со начинот на кој се спроведуваат набавките со целосно користење на електронски средства. Покрај обуките, во рамките на овој проект се спроведуваат и други активности како што се трибини за договорни органи, издавање на прирачници и директна теренска помош на микропретпријатијата од вклучените региони во РМ за олеснето учество во јавните набавки. Во наредните неколку месеци АЦТ! самостојно или во соработка со други организации и институции планира да спроведе серија обуки за е-набавки, со која ќе ги подготви договорните органи и економските оператори за полесно да ја исполнат законската обврска.  

Developed By: