АЦТ! ОДРЖА УШТЕ ЕДНА ОБУКА ЗА Е-ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

На 14.06.2016 год. во организација на АЦТ! во хотел Квинс беше одржана практична обука за е-јавни набавки наменета за економските оператори во рамките на проектот на АЦТ! за постојана едукација во делокругот на јавните набавки.

Учесниците на обуката се запознаа со концептот на е-набавки и со основните карактеристики на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) преку корисни примери, односно преку тест-сценарија имаа прилика да добијат знаења и вештини, како и практичен приказ на целокупниот процес на учество на задолжителните е-јавни набавки. Како и на претходните обуки и на оваа обука, претставниците на економските оператори добија непосредни насоки од обучувачите од Бирото за јавни набавки за креирање на кориснички профили; запознавање со функционалностите на профилот на ЕСЈН на економските оператори; пребарување и преземање на тендерски документации и поставување на прашања пред јавно отворање; поднесување на понуда и дискусија во однос на поефикасна подготовка и поднесувае на понуди преку ЕСЈН; тест-сценарија за различни видови на е-набавки; користење на дигитални сертификати; електронска аукција и концепт на поднесување на конечна цена; концепт и видови на е-акуции, а стана збор и за последните новини и подобрувања на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Developed By: