ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА Е-НАБАВКИ ЗА ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ

На 31.01.2017 год. во конференциската сала на хотел Квинс беше одржано советување за е-набавки наменето за договорните органи.

Во фокус на ова советување беше преминот од традиционален хартиен кон електронскиот начин на спроведување на постапките за јавни набавки со насоки и сугестии за законски и техничко правилно спроведување на е-набавките со цел да се избегнат евентуалните грешки кои можат да доведат до обжалување и/или поништување на постапката. За таа цел, беа претставени последните новини и подобрувања на ЕСЈН за корисниците од договорните органи, беа објаснети специфичните инструкции за спроведување на е-набавка преку ЕСЈН, беа дадени технички препораки и насоки за користење на ЕСЈН, беа дадени насоки за избегнување на најчестите кориснички грешки, а беше елабориран и начинот на користењето на дигиталните сертификати и сите специфичности поврзани со нив.

Големиот број на прашања и дилеми кои ги имаат претставниците на договорните органи при работењето на Електронскиот систем за јавни набавки им беа предочени на предавачите, Марија Јованоска и Горан Давидовски, кои како искусни, компетентни и експерти со долгогодишно искуство во јавните набавки, им дадоа насоки, одговори и упатства на учесниците на советувањето за кои веруваме дека ќе им бидат од корист во нивното понатамошно работење.

Developed By: