ПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА Е-ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ

На 30.03.2017 год. во хотел Квинс, АЦТ! ДОО Скопје организираше уште една обука за електронските јавни набавки наменета за економските оператори.

Обуките за е-набавки ги организираме за континуирана едукација на претставниците на економските оператори и нивното подготвување за учество на задолжителните електронски јавни набавки.

Како и претходно одржаните обуки и оваа обука помина во интерактивна атмосфера, многу плодотворни дискусии и размена на искуства, а во насока на обезбедување знаења и вештини кои им се неопходни на претставниците на економските оператори за учество на електронските јавни набавки преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). На обуката предаваше Марија Јованоска, експерт од областа на јавните набавки со долгогодишно искуство во развојот на е-набавките во Република Македонија.

Developed By: