СОВЕТУВАЊЕ ОД ОБЛАСТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО

На 19.10.2017 год. во организација на АЦТ! ДОО Скопје беше одржано стручно советување на тема: „Пазарот на осигурување и правила за управување со ризик кај друштвата за осигурување и премин кон Солвентност 2“ на кое предаваше м-р Коста Спасески, раководител на Одделение за вонтеренска супервизија во Агенција за супервизија на осигурување.

Целта на советувањето беше учесниците да се запознаат со актуелните трендови на пазарот на осигурување, регулаторните и финансиски аспекти кои се поврзани со осигурителните услуги кои се нудат на пазарот на осигурување во Р.М., но и од аспект на последните промени во регулативата за осигурување во земјите членки на ЕУ.

Во првиот дел од советувањето, учесниците добија информации за оценување на финансиската стабилност на осигурителниот сектор во Република Македонија во 2016 година, перформансите од работењето во 2016 година, како и користење на сетот на регулаторни извештаи за целите на деловно планирање на работењето и управувањето со ризици.

Солвентност 2 претставува сложен систем на регулаторни барања за друштвата за осигурување кои вршат дејност на територијата на Европската унија. Постојната регулаторна рамка во Р.М. не претставува никаква пречка за друштвата за осигурување во Р.М. веднаш да почнат со подготовка и прилагодување во работењето со цел усогласеност со новата регулатива, веднаш откако истата ќе стапи во сила во Р.М. Напротив, постојната регулатива поттикнува креирање на деловни политики кои се комплементарни на барањата на Солвентност 2 регулативата. Вториот дел од советувањето имаше за цел да се обработат одредени актуелни регулаторни барања кои се однесуваат на управувањето со ризици на друштвата за осигурување со цел лесен премин кон Солвентност 2 регулативата.

Developed By: