ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА АКТУЕЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НАЈАВЕНИТЕ НОВИНИ ОД ОБЛАСТ НА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

На 18.04.2018 год. во хотел ТЦЦ Гранд плаза, Скопје беше одржано советување на тема „Актуелни прашања и предизвици во јавните набавки со осврт на новините во нацрт Законот за јавните набавки“.

Дел од темите кои беа разгледани се:  • Одговори и појаснувања на честите и специфичните прашања и проблеми при примената на Законот за јавни набавки; • Насоки и препораки за надминување на најчестите грешки при спроведување / учество на е-набавка; • Предложени измени во опфатот, дефинициите и исклучоците за јавни набавки во класичниот јавен сектор и во секторските дејности; • Предложени нови вредносни прагови, правила и постапки за доделување на договорите за јавни набавки; • Предвидени новини кај критериумите за утврдување и докажување способност на економските оператори и критериуми за избор на најповолна понуда; • Како до зголемена транспарентност: увид во понудите на конкурентите, објава на договорите за јавни набавки и воведување на е-План; • Концепт на е-Пазар и е-Каталози кај набавки од мала вредност; • Имплементација на е-Жалба и други новини во жалбената постапка и  • Концепт на претходна контрола кај јавните набавки

Пред повеќе од 60 претставници на договорните органи, предавачите м-р Марија Јованоска и м-р Александар Аргировски како експерти за јавни набавки и ЕУ / УНДП / ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки и директно вклучени во изработка на новиот закон и развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија, ги презентираа темите кои беа во фокус на советувањето и дадоа одговори на многуте прашања и дилеми од секојдневното работење на лицата задолжени за јавните набавки кај договорните органи.

Developed By: