ОДРЖАНА УШТЕ ЕДНА ПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА Е-ЈАВНИ НАБАВКИ НАМЕНЕТА ЗА ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ

Како дел од неколкугодишниот серијал на практични обуки за е-јавните набавки на 18.05.2018 год. беше одржана уште една обука во хотел Квинс. Обуката беше наменета за договорните органи, чиишто претставници добија практични насоки и препораки како правилно од законски и технички аспект да спроведат постапка за јавна набавка во целост - од објава на оглас до доделување на договорот.

Исто така, учесниците беа запознаени и со предлозите и новините кои се планираат за надградба на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) во 2018 година. Обуката беше спроведена на високо интерактивно ниво со дискусии, тестни сценарија и вежби, каде сите прашања и дилеми од страна на учесниците беа разгледани и одговорени. Обуката ја менторираше м-р Марина Наумоска Костиќ која благодарение на своето практично искуство како дел од тимот на Бирото за јавни набавки, несебично ги сподели своите знаења, презентирајќи им на учесниците применливи решенија за правилно спроведување на постапките за јавни набавки.

Developed By: