СОВЕТУВАЊЕ ЗА НОВИНИ ВО ОЦЕНУВАЊЕТО НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА И ДРУГИ АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ

АЦТ! одржа практично еднодневно советување на тема „Спроведување на функционална анализа како основа за изработка на акти за внатрешна организација и систематизација измени во процесот на управување со ефектот (обрасците за оценување) и други актуелни теми од законите за администрација“ на 11.09.2018 год. во семинарската сала во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје.

На советувањето беше опфатено:  - функционалната анализа,  - оценувањето на административните службеници,  - практична вежба за пополнување на новите обрасци за оценување и - други прашања кои беа од интерес на учесници и кои се однесуваат на законите за вработени во јавниот сектор и административни службеници (вработување, унапредување, мобилност, итн.).

Предавач на советувањето беше Билјана Николовска Жагар, државен советник во Министерство за информатичко општество и администрација, чие долгогодишно искуство во областа на управување со човечки ресурси и реформа на јавната администрација имаше за цел ова советување да го стави во функција на разрешување на дилемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените во јавниот сектор и административните службеници при имплементација на законските обврски кои беа во фокус на советувањето, што наиде на голем интерес од страна на претставниците на институциите опфатени со законите за администрација.

Developed By: