ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА УСПЕШНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА Е-ЈАВНИТЕ НАБАВКИ И НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Во организација на АЦТ! на 02.10.2018 год. во хотел Квинс беше одржано уште едно советување од серијалот обуки и советувања од областа на јавните набавки на тема „Успешно спроведување на е-јавни набавки за договорни органи, наменета за почетници во јавните набавки, лица задолжени за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки и одговорни лица на договорните органи и осврт на новините во нацрт Законот за јавните набавки“. Советувањето наиде на голем интерес од страна на претставниците на економските оператори и договорните органи, што ја потврдува атрактивноста на темата и секако, големиот интерес за новиот Закон за јавни набавки, презентиран од директните учесници во процесот на изработка на истиот.

На советувањето предаваа м-р Горан Давидовски и м-р Марија Јованоска, експерти со долгогодишно искуство во областа, помошник раководител и раководител во Бирото за јавни набавки, директно вклучени во изработка на новиот закон и развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија, кои одговорија и ги појаснија честите и специфичните прашања и проблеми при примената на Законот за јавни набавки, осврнувајќи се и на одредбите од новиот закон.

Покрај тоа, дадоа насоки и препораки за: - надминување на најчестите грешки при спроведување/учество на е-набавка; - објава на тендери од меѓународни институции; - насоки за правилно спроведување на постапка за јавна набавка и насоки за успешна подготовка на електонски понуди; - дигитални потписи и начин на аплицирање; - предложени нови вредносни прагови, правила и постапки за доделување на договорите за јавни набавки; - предвидени новини кај критериумите за утврдување и докажување способност на економските оператори и критериуми за избор на најповолна понуда; - како до зголемена транспарентност: увид во понудите на конкурентите, објава на договорите за јавни набавки и воведување на е-План; - концепт на е-Пазар и е-Каталози кај набавки од мала вредност и  - имплементација на е-Жалба и други новини во жалбената постапка.

Бројните прашања и дискусии во текот на советувањето дадоа дополнителна вредност на ова советување, имајќи во предвид дека најзначајниот бенефит за организаторите и предавачите на овој тип на едукативни настани се одличните евалуации, а за учесниците применливоста и успешно спроведување и учество на постапките за јавни набавки.

Developed By: