СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРИТЕ

На 17.12.2018 год. во хотел Континентал беше одржано советување на тема: „Престанок на договорите: неисполнување на договорите, неважност, ништовност, правни последици според ЗОО и влијание на стечајна постапка врз полноважноста, битни повреди на договорите, потреби од измени и дополнувања во македонското законодавтво и практични искуства од судска пракса“ во организација на Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје и Здружението на правници на Република Македонија.

Советувањето наиде на голем интерес кај правните практичари и имаше за цел да се презентираат неколку аспекти од облигационите односи кои предизвикуваат доста контроверзии во правната практика, како и различни толкувања за примена на правото при престанок на договорите. Првиот дел на советувањето беше посветен на раскинувањето на договорите со посебен акцент на раскинување на договорите поради неисполнување. Вториот дел беше посветен на правните последици од ништовноста според Законот за облигационите односи, како и секогаш загонетната тема – ништовност на договорите со посебен осврт на влијанието на стечајната постапка врз полноважноста на договорите. Концептот на битна повреда на договорот и потребата од измени и дополнувања на македонското законодавство беше презентирана во третиот дел од советувањето како тема која ги претстави сите слабости и секако потребите од интервенции на законодавецот со цел надминување на истите. Последниот дел од советувањето во фокус ги имаш практичните искуства од судската пракса поврзани со одредбите од Законот за облигационите односи кои се однесуваат на ништовен договор и раскинување на договорот. Имајќи во предвид дека судската пракса поврзана со темите на предавањето е разнообразна, но истовремено ги надополнува правните празнините во законската регулатива, како и разнообразните толкувања на одредени аспекти од оваа област се причините поради кои поканивме прaвни практичари и универзитетски професори, верувајќи дека токму овој состав на предавачи ќе даде посеопфатен придонес во разработка на главната тема на ова советување.

Предавачи на советувањето беа: - Проф.д-р Кимо Чавдар, професор на Универзитет „Американ колеџ“ – Скопје; - Судија м-р Александар Шопов, претседател на Основен суд Велес;  - Проф.д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, универзитетски професор по предметот Облигационо право и - Судија Александар Цацков, судија во Основен суд Штип.

Советувањето изобилуваше со многу прашања и дискусии меѓу предавачите и учесниците што придонесе ова советување да добие дополнителна вредност во смисла на идна применливост на презентираните теми.

Developed By: