СТУДИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ИНДУСТРИСКИ - ЗЕЛЕНИ ЗОНИ

Воведување на можност за јавно-приватно партнерство во основање и / или управување со индустриски - зелени зони, дефинирање на критериумите за „зелени“ и дејностите што можат да се вршат во зоните и обезбедување на стимулации за основачите и инвеститорите се меѓу клучните препораки дадени во неодамна подготвениот Извештај за подобрување на правната рамка за индустриски - зелени зони. Генерирање (или користење) на енергија од ОИЕ треба да биде една од водечките индустрии во овие зони, додека изградбата на фабрики и водење на индустриски процеси кои ќе бидат енергетски ефикасни се меѓу клучните критериуми.

На 18 јуни 2015 година, Министерството за економија, Стопанската комора на Македонија и Проектот за инвестиции во чиста енергија финансиран од УСАИД (АЦТ! ДОО Скопје е подизведувач) , организираше презентација на Извештајот кој вклучува бројни наоди и препораки за подобрување на правната рамка за индустриски-зелени зони. Учесниците доаѓаа од избрани општини и компании, како потенцијални основачи и / или инвеститори во зоните, од кои сите беа вклучени и во истражувањето спроведено за оваа намена. Претставници на релевантни државни институции и донаторски проекти, исто така, присуствуваа на настанот. Високи претставници од Министерството за економија и Стопанската комора одржаа воведни говори, додека специјалистот за ОИЕ од Проектот одржа детална презентација, проследена со отворена дискусија меѓу учесниците.

Презентацијата и последователната дискусија беа фокусирани на главните резултати од истражувањето што е спроведено во периодот март - мај 2015 година, но, исто така, беа спомнати и наодите во врска со националното законодавство и законодавството и праксата во другите земји (Србија, Словачка, Ирска, Данска, итн.) за индустриски - зелени зони (паркови). Наодите и препораките од овој извештај ќе бидат основа за изработка на измените и дополнувањата на Законот за индустриски - зелени зони и подзаконските акти во наредниот период, што ќе води кон креирање поволна средина за основање на овој вид на зони во Република Македонија.

Developed By: