ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА АКТУЕЛНОСТИ ПРИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОПИСИТЕ ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Во организација на АЦТ! се одржа советување на 01.02.2019 год. на тема „Од функционална анализа до нови вработувања во јавниот сектор: Примена на новата методологија за функционална анализа, планирање на вработувања, постапки за унапредување и вработување и други предизвици во имплементација на прописите за јавна администрација“

На советувањето во фокус на интерес беа:

  • Нова методологија за спроведување на функционалната анализа;
  • Планирање на вработувања и осврт на дилеми при спроведување на постапка за оценување на административни службеници;
  • Спроведување на постапки за вработување, унапредување и испит за административно управување;
  • Други прашања кои се од интерес на учесници и кои се однесуваат на законите за вработени во јавниот сектор и административни службеници (вработување, унапредување, мобилност, итн.).

Советувањето изобилуваше со практичен пристап и примери со цел учесниците да добијат стручен и квалитетен осврт на областите кои се предмет на советувањето, а предавачите чие долгогодишно искуство во областа на управување со човечки ресурси и реформа на јавната администрација имаа за цел ова советување да го стават во функција на разрешување на дилемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените во јавниот сектор и административните службеници при имплементација на законските обврски кои се во фокус на советувањето. Предавачи на советувањето беа:

  • Билјана Николовска Жагар, државен советник во Министерство за информатичко општество и администрација 
  • Дарко Јаневски, правен консултант и експерт за функционална анализа и 
  • Бранка Минчева Коцевска, раководител на одделение за управување човечки ресурси, Министерство за информатичко општество и администрација

Developed By: