ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА ПОСТАПУВАЊА НА ПРВОСТЕПЕНИТЕ ОРГАНИ ПРИ ПОНИШТУВАЊЕ НА ПРВОСТЕПЕНА ОДЛУКА

На 05.04.2019 год. во хотел Квинс беше одржано практично советување на тема Дисциплинска одговорност на административни службеници со посебен акцент на постапувања на првостепениот орган во случај на поништување на првостепената одлука“.

Целта на советувањето беше учесниците да се запознаат со текот на постапката, како и на што да внимаваат при спроведување на истата со цел да се избегнат пропусти при водење на постапката за дисциплинска и материјална одговорност на административните службеници, односно да се дадат практични примери за постапувањата на првостепениот орган во случај на поништување на првостепената одлука.

На советувањето во фокус на интерес ќе беа:

  • Дисциплинска одговорност на административните службеници и остапка за утврдување на дисциплинска неуредност;
  • Постапка за утврдување на дисциплински престап;
  • Постапување на првостепениот орган (Комисијата/секретарот/раководното лице на институцијата) во случај на поништување на првостепената одлука за изречена мерка од страна на надлежен орган;
  • Анализа на неколку практични примери во кои се регистрирани неправилности во работата на првостепениот орган по претходно поништена одлука за изречена дисциплинска мерка и     
  • Други прашања кои се од интерес на учесници и кои се однесуваат на законите за вработени во јавниот сектор и административни службеници.

Методологијата врз основа на која се реализираше советувањето е интерактивен и практичен пристап со компетентни предавачи, експерти со долгогодишно искуство во областа на управување со човечки ресурси и воопшто - реформа на јавната администрација, и тоа:

  • Миланчо Успрцов, генерален секретар на Агенција за администрација и
  • Димитар Каранфиловски, државен советник за правни работи во Агенција за администрација

Developed By: