Енергетска заедница: Значителен напредок во енергетските реформи на Северна Македонија

Секретаријатот на Енергетската заедница во „Годишниот извештај за имплементација 2018/2019“ (Annual Implementation Report 2018/2019) нотира значителен напредок на Република Северна Македонија во имплементација на енергетските реформи. 


„Годишниот извештај за имплементација“ изработен од Секретаријатот на Енергетската заедница, го прикажува напредокот при спроведувањето и имплементацијата на европското законодавство на земјите-договорни страни на Договорот за основање на Енергетската заедница.


Во извештајот е констатирано дека Северна Македонија е „шампион во реформите во сите енергетски сектори“, како и дека вкупниот просек на спроведувањето на реформите е 59%, што ја рангира Северна Македонија на второто место од деветте земји кои се споредуваат, односно годишниот пораст на  Северна Македонија е 10%.

Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје како подизведувач и имплементатор на проектните активности во Северна Македонија на проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергетика кои го отвораат патот за поодржлива самостојна економија ги поддржува напорите за реформа на енергетскиот сектор во Северна Македонија, како што е препознаено и во „Годишниот извештај за иплементација“ на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Developed By: