Успешно заокружена серијата едукативни настани од област на јавните набавки во 2019 година

АЦТ! ДОО Скопје со своите соработници - експерти од област на јавни набавки со долгогодишно искуство во одржување практични работилници, директно учество во прописите, како и во целокупната реформа од област на јавните набавки успешно ја заврши 2019 година со одржани 11 практични обуки и советувања посетени од над 600 учесници - претставници на договорните органи и економските оператори.


Во интерактивна атмосфера со бројни одговори, дискусии и насоки за правилна примена на одредбите од новиот Закон за јавни набавки, учесниците имаа прилика да разрешат бројни дилеми кои се јавуваат при имплементација на новиот закон.


И во наредната 2020 година, АЦТ! заедно со своите соработници продолжува со серијата едукативни настани од област на јавните набавки верувајќи дека настани скроени по принцип на актуелност и проблеми од пракса имаат најголема вредност и најголема полза во секојдневното работење.


Developed By: