НОВ ПРАКТИЧЕН ВОДИЧ НИЗ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

На над 800 страници кои вклучуваат: детален коментар на сите членови од Законот за јавни набавки, студии на случаи од праксата, одговори на прашања и детални инструкции за користење на ЕСЈН.

Наменет за сите кои на каков било начин се вклучени во јавните набавки, од почетници до искусни практичари.

Авторите Рита Глигоријевска, Марија Јованоска, Александар Аргировски и Горан Давидовски го изработија овој Водич врз основа на долгогодишното искуство и вклученост во креирање на законодавството и развојот на системот за јавни набавки.



Практичниот водич низ Законот за јавните набавки претставува прв сеопфатен водич за јавните набавки наменет за договорните органи, економските оператори и сите други заинтересирани лица, подеднакво корисен и за почетници и за лица со искуство во областа на јавните набавки. Водичот изобилува со богата содржина напишана со јасен јазичен стил распоредена на 800 страници со детална елаборација на членовите од Законот за јавните набавки. Поради тоа, овој Водич претставува корисна алатка во секојдневното работење на сите кои се вклучени во јавните набавки, вклучително и за комплетно водење или учество во електронска постапка за јавна набавка и жалбената постапка.


Водичот содржи сѐ за јавните набавки на едно место, вклучувајќи:

- Коментари и препораки за примена на одредбите од Законот за јавните набавки

- Студии на случаи и одговори на повеќе од 100 прашања од пракса

- Детални инструкции со визуелни прикази за користење на Електронскиот систем за јавните набавки (ЕСЈН)

- Правила и најдобри практики од процесот на набавка: планирање, подготовка на тендерска документација и техничка спецификација, евалуација, избор на најповолна понуда, доделување на договор и управување со договорот за јавна набавка

- Сеопфатни теми од интерес на договорните органи: правила за јавни набавки во класичниот јавен сектор и во секторските дејности, вредносни прагови, правила и постапки за доделување на договорите за јавни набавки, критериуми за квалитативен избор на економските оператори и докажувањето на способноста, критериуми за избор на најповолна понуда, зголемување на транспарентност (заштита на податоци, увид во понудите на конкурентите/понудувачи, објава на договорите за јавни набавки), e-План, е-Пазар, е-Каталози, е-Жалба и управна контрола

- Сеопфатни теми од интерес на економските оператори: специфики при изготвување квалитетни понуди, начин на пристап до Годишни планови за јавни набавки, увид во проценета вредност на набавката, разлики помеѓу набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка и што да се има во предвид при подготовка на понудата и потребната документација, начин на докажување на способност и потребна документација по видови на постапки за јавни набавки, прашања и одговори пред доставување на понудата, потребна документација за учество на тендер и услови за исклучување и за квалитативен избор на економските оператори, покаснувања и дополнувања на понуда, е-Жалба, измена на склучен договор во тек на негова реализација


За нарачки обратете се на телефон 070/340-951 или на е пошта: obuki@act.com.mk

Цена: 5.950,00 денари со вклучен ДДВ

Бесплатна достава до било која локација во Република Северна Македонија!


Developed By: