Достигнувања на проектот за развој на регионални пазари на енергија во 2020 година

Во текот на годината која изминува, АЦТ! ДОО Скопје преку проектот „Развој на регионални пазари на енергија“, финансиран од УСАИД, имплементиран од TetraTech, даде придонес во проектните или државните достигнувања во 2020 година, кои вклучуваат:


• Завршени два тендери за доделување премии за изградба на фотонапонски електроцентрали со вкупен капацитет од 56 мегавати кои се доволни за снабдување со електрична енергија на град со 1.100 домаќинства


• Променет концепт за гаранции за потекло (зелени сертификати) со цел дополнително стимулирање на пазарот на обновлива енергија 


МЕМО е номиниран за оператор на пазарот на електрична енергија во согласност со барањата на Европската унија, овозможувајќи почеток на процесот на пазарно спојување со организираниот пазар на земја-членка на ЕУ и воопшто интеграција со пазарот на електрична енергија во ЕУ


• Изработен Прирачник за спроведување на тендерска постапка за доделување премии за обновлива енергија како поддршка за зголемување на инвестициите во обновлива енергија, кој ќе биде користен од Владата за новите тендери за доделување на премии


• Донесен Закон за енергетска ефикасност кој е целосно усогласен со директивите на ЕУ за енергетска ефикасност и енергетски карактеристики на зградите


• Зајакнати капацитетите за спроведување на Законот за енергетска ефикасност преку обуки на општински службеници, пазарни инспектори и инспектори за животна средина за примена на новите одредби од Законот за енергетска ефикасност


Имплементацијата на проектот продолжува и во новата 2021 година која ќе донесе нови проектни достигнувања.

Developed By: