Придонесот на АЦТ! во професионалната едукација во 2020 година

Тимот на АЦТ! ДОО Скопје организираше повеќе од 20 едукативни настани во 2020 година, кои благодарение на предавачите експерти од различни области и учесниците од различни сектори и во 2020 година, дадоа придонес во континуираната професионална едукација

 

Глобално, во 2020 година начинот на професионална едукација доживеа голема трансформација. АЦТ! го прилагоди овој сегмент од своето работење кон „новото нормално“. Во периодите од годината пред и за време на мерките за заштита од Ковид-19, АЦТ! одржа неколку едукативни настани со физичко присуство, но акцентот беше ставен на организирање онлајн обуки и вебинари. Он-лајн формата беше најсоодветен начин да останеме на располагање на своите клиенти и да ги пресретнеме предизвиците со кои се соочувавме во услови на вонредна состојба и мерки за заштита поради пандемија предизвикана од КОВИД-19.

 

Во годината која изминува, одбравме теми за едукативни настани за кои имаше многу прашања, дилеми и предизвици во пракса. Меѓу другите ги издвојуваме: 

 

- Актуелни проблеми и предизвици од област на јавните набавки за економските оператори и договорните органи

- Прашања и предизвици при склучување и реализација на договорите за јавни набавки

- Начин на транспонирање на правото на Европската унија во националното законодавсто

- Примена на новиот Закон за прекршоците

- Инспекциски надзор од област на работните односи и безбедност и здравје при работа

- Работни односи во вонредна состојба

- Облигациони односи во вонредна состојба

- Справување со правните предизвици со фокус на договорните односи во услови на вонредна состојба и виша сила

- Најновите измени на меѓународните стандарди во делот на спречување перење пари - петта АМЛ Директива и ризици поврзани со работењето на финансиските институции во услови на корона вирус

- Дигитализација на бизнисите – како е-Трговијата може да придонесе за раст и развој на компаниите?

- Пазарот на осигурување во 2019 година, премин кон Солвентност II и предизвици за осигурителните друштва во новата реалност

- Новини во област на регулативата за урбанистичко планирање

- Правила и предизвици при примената на Законот за општа управна постапка и други.


Тргнувајќи од потребите и интересите на учесниците, актуелностите и новините во законската регулатива и запазувајќи го практичниот аспект на секој едукативен настан, како и компетентноста и квалитетот на предавачите, АЦТ! продолжува и во новата 2021 година да нуди разновидна едукативна содржина и да биде препознатлив партнер во професионалната едукација независно од формата – со физичко или он-лајн присуство.

 

Developed By: