Вебинар за усогласување со новата регулатива за заштита на лични податоци

В Е Б И Н А Р

НАСОКИ ЗА ПРИМЕНА И УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Датум29.07.2021 год. (четврток)

Време: 11:00 – 15:00 часот

Место: конференциска врска, Zoom


На 24.02.2020 година влезе во сила новиот Закон за заштита на личните податоци. Со овој закон се врши усогласување со европската Регулатива за заштитата на личните податоци бр. 2016/679, или попозната како General Data Protection Regulation (GDPR). Во Законот е предвиден рок од 18 месеци за усогласување на работењето на сите контролори на лични податоци. Согласно ова, најдоцна до 24.08.2021 година работењето на сите субјекти мора да биде усогласено со новиот Закон за заштита на личните податоци, а со тоа и со GDPR. Имајќи ги предвид законските обврски кои ќе се применуваат за сите субјекти по истекот на овој рок, АЦТ! како препознатлив партнер во професионалната едукација го организира овој вебинар со цел да остане доволно време субјектите – контролори на лични податоци да го усогласат своето работење со GDPR. 


Усогласувањето со новиот Закон за заштита на личните податоци подразбира обучени вработени, а пред сѐ обучен офицер за заштита на личните податоци кој знае да ги воспостави и примени соодветните технички и организациони мерки за заштита на личните податоци.


Усогласувањето со новиот Закон, односно со GDPR не значи само исполнување на законска обврска, туку и додадена вредност во функционирањето на субјектите, имајќи предвид дека заштитата на личните податоци е високо на листата на приоритети на партнерите и потрошувачите од Европската унија. Дополнително, во Законот се предвидени и глоби за неусогласеност кои може да достигнат 4% од вкупниот годишен приход на субјектот.


Овој вебинар има за цел запознавање на субјектите со нивните обврски согласно новиот Закон за заштита на личните податоци и е погодно за сите вработени, а особено за офицерите за заштита на личните податоци. Интерактивниот пристап на ова советување (предавање, поставување и одговарање на прашања и дискусија) ќе даде одговори на многу предизвици со кои се соочуваат офицерите во секојдневната имплементација на мерките за заштита на личните податоци.


Учесниците на вебинарот како дел од материјалите ќе добијат и обрасци за усогласување со новиот Закон за заштита на лични податоци, и тоа: Евиденција на овластени лица за обработка на лични податоци; Овластување за вршење обработка на лични податоци; Изјава за обезбедување безбедност на обработка на лични податоци; Одлука за назначување на Офицер за заштита на личните податоци; Известување за вршење на видео надзор; Образец за давање согласност за обработка на лични податоци од субјектот; Образец за давање согласност на родителот на субјектот на лични податоци; Образец за повлекување на согласноста на субјектот на личните податоци и Образец за известување за нарушување на безбедност на личните податоци до АЗЛП.


Конкретни теми кои ќе бидат опфатени на вебинарот се:

  1. Општи барања на Законот за заштита на личните податоци, општи принципи
  2. Права на субјектот на податоците и начинот на спроведување во оперативните процеси
  3. Положба, овластувања и инспекциски надзор од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци
  4. Однос помеѓу контролорите и процесорите
  5. Офицер за заштита на личните податоци
  6. Технички и организациски мерки, проценка на ИКТ контролите
  7. Техничка и интегрирана заштита на личните податоци (Data protection by design and by default)
  8. Процес за управување со инциденти поврзани со лични податоци
  9. Процеси на свесност, секојдневно работење и одржување на Рамката за заштита на личните податоци
  10. Практичен осврт на обрасците за заштита на лични податоци


Предавач: 

Дамјан Гроздановски, адвокат од Адвокатска канцеларија Чакаровска, магистер од областа на европското деловно право, со повеќе успешно спроведени проекти од областа на заштита на личните податоци, како и судски постапки во врска со заштита на личните податоци


Цената за учество на вебинарот изнесува 2.490,00 МКД + 18% ДДВ за еден/-на учесник/-чка. За пријавени 3 или повеќе учесници од еден правен субјект следува попуст од -10%.

Во цената е вклучено: учество на вебинарот, материјали и сертификат. Плаќањето се врши по основ на про-фактура пред или по одржување на вебинарот. 


Пријавувањето за учество на вебинарот се врши најдоцна до 27.07.2021 год. (вторник) на е-пошта: obuki@act.com.mk или на телефон 070/340-951.


Developed By: