Поради голем интерес уште АЦТ! организира уште еден вебинар на тема „Што сѐ треба да знаете за инвестирањето во фотоволтаици?“

Датум: 02.11.2022 година

Време и место: 11:00 - 15:00 часот, конференциска врска преку Zoom


Тековната глобална енергетска криза влијае сѐ поинтензивно да се зборува за зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија (ОИЕ) и за поголема енергетска независност и енергетска ефикасност кај крајните потрошувачи. Притоа, се добива впечаток дека во Македонија меѓу оние што се заинтересирани за инвестирање во изградба на фотоволтаични (фотонапонски) електроцентрали, но и меѓу оние што на одреден начин се вклучени во тој процес, се создава забуна и недоумица околу условите, постапките и трошоците за инвестирање во различни типови фотонапонски електроцентрали, што е резултат на погрешно пренесените информации или толкувања на прописите.


Од тие причини, АЦТ! ДОО Скопје, како препознатлив партнер на јавниот и приватниот сектор во областа на едукацијата, организира онлајн настан – вебинар насловен како „Што сѐ треба да знаете за инвестирањето во фотоволтаици?“ на кој преку презентација и интеракција со предавачите – експерти на темата ќе бидат дадени детални одговори за оваа проблематика.


Предавачи:


Дарко ЈАНЕВСКИ е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Има повеќе од 22-годишно работно искуство и бил вклучен во имплементација на бројни проекти финансирани од УСАИД и други реномирани организации. Тој е правен експерт во област на енергетиката.


д-р Александар ДЕДИНЕЦ докторирал на ФЕИТ во Скопје и работи како научен соработник во Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ и е долгогодишен надворешен соработник на АЦТ! ДОО Скопје. Работи повеќе од 13 години како експерт во област на енергетика, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и климатски промени. Учествувал во имплементација на повеќе од 70 проекти поврзани со енергетски стратегии, закони и подзаконски акти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и климатски промени кои биле финансирани и/или имплементирани од реномирани организации.


Пријавување и надомест за учество:


Цената за учество на вебинарот изнесува 2.400,00 MKД + 18% ДДВ за еден/-на учесник/-чка. За пријавени 3 и над 3 лица од ист правен субјект следува попуст од -10%. Во цената е вклучено: учество на вебинарот, материјали од вебинарот во електронска форма и е-Сертификат.


Пријавувањето за учество на вебинарот се врши најдоцна до 31.10.2022 година (понеделник) на е-пошта: obuki@act.com.mk


Сите информации за овој вебинар може да ги добиете на 075/227-126

Developed By: