Практично советување за јавни набавки

ПРАКТИЧНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ:

ПЛАНИРАЊЕ И ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ЗА 2023, УТВРДУВАЊЕ НА ВИДОВИТЕ ПОСТАПКИ И ТЕХНИКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ
Е-ПАЗАР vs. ОГЛАС ЗА ЈАВНА НАБАВКА


Новина: Стекнете се со знаење и олеснете го набавниот процес за најчесто користената постапка применувајќи го новиот начин на вршење набавки од мала вредност


Посебен осврт: Практична онлајн презентација на целосно спроведување на набавка преку електронскиот пазар за Договорни Органи и поставување, управување на електронскиот каталог и поднесување на понуда за Економски Оператори


Дополнително советување: Од план за јавни набавки до реализација на договорот сите фази во процесот, фокус на специфичности, дилеми и најчести прашања



Датум: 04.11.2022 година (петок)
Време: 10:00 – 16:00 часот
Место: Хотел Квинс, Скопје


Советувањето е наменето за сите договорни органи, лицата-единици за јавни набавки, членовите на комисии и одговорните лица, економски оператори, сопственици на компании, лица кои учествуваат во подготвување на понудите, консултанти и за сите други заинтересирани лица.


Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со правилата и предизвиците при спроведување на набавките од мала вредност преку е-Пазар, како и изготвување на понудите во форма на електронски каталог и начин на креирање на индивидуален каталог. Главната карактеристики на е-Пазарот е тоа што нуди многу можности и е без ограничувања. Имено, станува збор за иновативна метода на набавка која е комбинација од електронска продавница и јавна набавка со користење на универзални карактеристики на стоките кои се нудат/набавуваат со објава на „мини оглас“ како намера за набавка.


ПРЕДАВАЧИ:

м-р Марија ЈОВАНОСКА и м-р Горан ДАВИДОВСКИ, експерти во област на јавните набавки со долгогодишно искуство во одржување едукативни настани и директни учесници во процесот на изработка на регулативата од област на јавните набавки.


ПРИЈАВУВАЊЕ:

Цената за учество на советувањето е 4.900 МКД + 18% ДДВ за еден/-на учесник/-чка.

Во цената е вклучено: учество на советувањето, кафе, освежителни пијалоци за време на паузата, ручек и сертификат за учество. Плаќањето се врши по основ на про-фактура/фактура пред или по одржување на советувањето.

Пријавувањето за учество на советувањето се врши најдоцна до 02.11.2022 год. (среда) на е-пошта: obuki@act.com.mk

Информации за ова советување може да добиете на 075/227-126

Developed By: