Советување за актуелности и измени од Законот за градење

АЦТ! организира практично советување на тема: 


„Осврт на Законот за градење и најчестите предизвици во пракса: особен фокус на најновите измени за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти“


Ова советување има за цел да ги одговори актуелните и најчестите прашања и предизвици поврзани со Законот за градење со особен фокус на најновите измени за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти кои се наменети за сопствена потрошувачка. 


Конкретните теми кои ќе бидат во фокус на ова советување се:


• Постапки за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти
• Изградба на фотонапонски електроцентрали на земјиште
• Документација и постапка за добивање на одобрение за градење
• Начин на утврдување на висина на трошоци за уредување на градежно земјиште за градби за производство на електрична енергија од обновливи извори
• Осврт на енергетските прашања поврзани со градење и урбанизам
• Обврски на надлежен орган и инвеститор
• Одобрение за подотвителни работи
• Постапки кои се спроведуваат во тек на изградба на градбата
• Исполнување на услови и ставање на градбата во употреба
• Постапки кои се спроведуваат по ставањето на градбата во употреба


ПРЕДАВАЧИ:


Мартин ОЏАКЛИЕСКИ, Државен советник во Министерство за транспорт и врски, со долгогодишно искуство во изработка на прописи од областа на градежништвото.


Дарко ЈАНЕВСКИ, правен експерт во област на енергетиката со повеќе од 22-годишно работно искуство, вклучен во имплементација на бројни проекти финансирани од УСАИД и други реномирани организации и член на експертскиот тим кој го подготвуваше актуелниот Закон за енергетика.


За подетални информации за советувањето и пријавување за учество контактирајте нè на: 075/227-126 или obuki@act.com.mk

Developed By: