АЦТ! организира вебинар на тема:
„Новини и насоки за примена на новиот Закон за заштита на потрошувачите“
Со овиот Закон за заштита на потрошувачите се опфатени илјадници зделки во трговијата и услугите и е многу важен за сите – за производителите, за трговците, за давателите на услуги, за институциите и пред сѐ лицата кои секојдневно се во улога на потрошувач. Оттука, онлајн советувањето е наменето за сите субјекти кои се вклучени во потрошувачките односи, односно сите субјекти кои обезбедуваат стоки или услуги.
Со цел запознавање на сите чинители со новините и насоките за примена на новиот Закон за заштита на потрошувачите, онлајн советувањето во фокус ќе ги има следните теми:
• Осврт на потребите за донесување и начелата на новиот Закон за заштита на потрошувачите
• Улогата, правата и обврските на субјектите кои обезбедуваат стоки или услуги во потрошувачките односи (информирање на потрошувачите, поттикнување на продажба, штета од неисправен производ и нечесна трговска пракса)
• Надзор од Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат и прекршочни одредби
• Новини за договорите за продажба, договорите за услуги, посебните потрошувачки договори и договорите за дигитални содржини или услуги: обврски пред склучување на договорите, право на повлекување од склучен договор, раскинување на договорите и правни последици од неснабдување предвидено со договор
• Новини за заштита на правата на потрошувачите: потрошувачки приговор и спор
• Прашања, одговори и дискусија
ПРЕДАВАЧИ:
Маријана ЛОНЧАР ВЕЛКОВА, претседател на Организација на потрошувачите на Македонија и
Нериман ЏЕЛАДИНИ, раководител на Сектор за внатрешен пазар во Министерството за економија
Предавачите се реномирани експерти со долгогодишно искуство во област на заштита на потрошувачите и директно вклучени во процесот на изработка на новиот Закон за заштита на потрошувачите.
За подетални информации за вебинарот и пријавување за учество контактирајте нè на: 075/227-126 или obuki@act.com.mk
2023 ACT Consultancy services