Во пресрет на новата 2023 година

АЦТ! ДОО како препознатлив партнер во професионалната едукација и во 2022 година ги следеше сите изменети, дополнети и новодонесени закони, како и сите актуелни теми во регулативата кои претставуваат предизвик за имплементација во пракса. Водејќи се од интересите на посетителите на едукативните настани, АЦТ! заедно со своите соработници - експерти во бројни области успеа и оваа година да реализира повеќе од 20 едукативни настани кои беа посетени од повеќе од 700 учесници.

 

Во првата и втората едукативна сезона од 2022 година во организација на АЦТ! беа одржани едукативни настани за најдискутабилните прашања во областа на јавните набавки, управувањето со отпад, работните односи, управното право, енергетиката, меѓу кои и на следните теми:


· ,,Најчести дилеми за работа во недела и на празници според новодонесените измени во Законот за работни односи“

· ,,Најновите измени на меѓународните стандарди во делот на спречување перење пари – AML de-risking и улогата на финансиските институции во борбата со финансирањето на тероризмот''

· ,,Наплата на побарувањата: превенција, заштита и реализација"

· „Предизвици во примената на законот за вработени во јавниот сектор и законот за административни службеници’'

· ,,Основање и управување со трговски друштва согласно најновите измени на Законот за трговските друштва"

· ,,Најчести дилеми при работа со информациониот систем за управување со човечки ресурси во пракса’’

· ,,Анализа на препораките 10,15,24 и 25 на FATF и Петтата директива на Европската унија за спречување пари и финансирање тероризам’’

· како најактуелно во декември 2022 беше одржано советување за новиот Закон за заштита на потрошувачите и други едукативни настани.


Верувајќи дека скроените едукативни настани според потребите на учесниците, актуелните и пресретнати новини во законската регулатива, практичниот аспект на секој едукативен настан, компетентноста и квалитетот на предавачите се препознатлив белег во работењето на АЦТ!, тимот продолжува и во новата 2023 година да нуди разновидна едукативна содржина и да остане препознатлив партнер во професионалната едукација.

Developed By: