Дводневно советување за јавни набавки

ПРАКТИЧНО ДВОДНЕВНО СОВЕТУВАЊЕ

Од годишен план до одлука за избор на најповолна понуда, критични точки во сите фази од постапката, чекор по чекор, фокус на специфичности и дилеми


„СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ, ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ И ПАЗАРОТ ЗА НАБАВКИ ОД МАЛА ВРЕДНОСТ“


Датум: 26 и 27.01.2023 година (четврток и петок)

Време: 10:00 – 16:00 часот

Место: Хотел Квинс, Скопје


ПРВ ДЕН: најчести пропусти и грешки ВО СИТЕ ФАЗИ ОД ПОСТАПКАТА на jавна набавка, критични точки при подготовка изготвување на техничките спецификациии/тендерската документација, изработка/поднесување на понудата, евалуација/исклучување на понудувачите, склучување и реализација на договорите, препораки во врска со измена на договорите и набавка на електрична енергија итн.


ВТОР ДЕН: најчести пропусти и грешки при користењето на ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ (ЕСЈН) од објава на план, спроведување на технички дијалог, аритметичка грешка, дополнително прикачи документи, нова одлука за избор/поништување, е-жалба, повторно одлучување /евалуација, квартални евидениции, известување за реализиран договор, евидентна книга и досие на постапки, приказ на набавка преку е-пазарот за набавка од мала ВРЕДНОСТ – предности, предизвици и проблеми кои произлегоа од досегашните спроведени набавки преку е-пазарот.


Целта на ова дводневно советување е да се разменат искуства од досегашниот начин на подготвување и спроведување на јавните набавки, обврските кои произлегуваа, да се надгради знаењето, детално да се разработат одредени специфики со цел успешно спроведување на постапките и набавка на квалитетни стоки, услуги и работи со цел добивање на најдобрата вредност за вложените пари и  задоволување на потребите на договорниот орган, да се увидат најчестите пропусти и грешки кои ги прават економските оператори при подготвување и поднесување на квалитетни понуди особено во делот на докажување на способноста.


Преку презентација на поединечните модули на ЕСЈН да се објаснат најчестите грешки кој се прават кога се користи системот, автоматско блокирање на кориснички профил поради пропусти,  како и да се презентираат новините во област на јавните набавки поврзани со електронскиот пазар и кои бенефити ги нуди истиот за договорните органи и економските оператори. 


ПРЕДАВАЧИ: Марија Јованоска и Горан Давидовски, експерти со долгогодишно релевантно искуство во област на јавните набавки


За детални информации и испраќање на поканата за учество на дводневното советување со сите неопходни детали за пријавување, контактирајте нè на 075/227-126 или obuki@act.com.mk 

Developed By: