Втор вебинар за новиот Закон за заштита на потрошувачите

Вториот по ред едукативен настан за новиот Закон за заштита на потрошувачите на тема „Новини, предизвици и насоки за примена на новиот Закон за заштита на потрошувачите“ кој ќе се одржи на 16.02.2023 год. го организираме со цел субјектите да се подготват за примена на овој закон, да се одговорат бројните прашања и дилеми кои постојат во пракса преку практични примери и интерактивни дискусии со стручни предавачи, експерти по потрошувачко право и усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија.


Со Законот за заштита на потрошувачите со кој се опфаќаат илјадници зделки во трговијата и услугите, е многу важен за сите – за производителите, за трговците, за давателите на услуги, за институциите и пред сѐ лицата кои секојдневно се во улога на потрошувач. Оттука, онлајн советувањето е наменето за сите субјекти кои се вклучени во потрошувачките односи, односно сите субјекти кои обезбедуваат стоки или услуги. 


Подетални информации за вебинарот и начинот на пријавување побарајте на obuki@act.com.mk или 075/227-126.

Developed By: