Вебинар: Предизвици во примената на ЗВЈС и ЗАС и причини за донесување на нови закони за јавната администрација

Во пресрет на овој едукативен настан на кој Ве покануваме, цениме дека примената на важечките закони за вработени во јавниот сектор и административните службеници донесе бројни предизвици во пракса што изискуваше и измени на законите, иако еден дел од одредбите поради нивната комплексност останаа неприменливи, како оние кои се однесуваат на годишните планови за вработување, дисциплинската постапка, итн., поради што се пристапи кон изготвување на нови прописи. Со најавените нови сет прописи се внесуваат значајни новини во системот на јавниот сектор и административни службеници, како и во системот за плати и високата раководна служба.

Оттука, потикнати од постоечките предизвици во примената и во пресрет на усвојувањето на новиот сет прописи го организираме ова онлајн советување на кое преку интерактивни презентации, дискусии и одговори на прашања ќе се осврнеме на предизвиците во пресрет на новиот сет закони од областа која е предмет на овој едукативен настан.


Подетални информации за вебинарот и начинот на пријавување побарајте на obuki@act.com.mk или 075/227-126.

Developed By: