Јавна набавка од А до Ш: Специјализирана обука за почетници и за обновување на знаење

Датум: 12.06.2024 година (среда)

Време: 10:00 – 16:00 часот

Место: Хотел Квинс, ул. Васил Ѓоргов бр.16, Скопје


Обуката има за цел да ги обучи почетниците и лицата со скромно искуство во јавните набавки од договорни органи, економски оператори, сопственици на компании и консултанти. Со практични примери и детални упатства, учесниците ќе се запознаат со процесот на јавна набавка од почеток до крај и ќе се обучат за правилно спроведување на постапките и подготовка на успешни понуди.


На обуката ќе бидат опфатени следните теми:

- Планирање на постапките за јавни набавки

- Видови постапки за јавна набавка и нивни карактеристики

- Разлики помеѓу набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка

- Технички дијалог со потенцијалните понудувачи

- Изработка на тендерска документација и техничка спецификација

- Спроведување на постапка за јавна набавка од почеток до крај

- Критериуми за доделување на договорот

- Сооднос цена/квалитет и цена/трошоци за животен век

- Изготвување на понуда согласно условите од тендерската документација

- Права и обврски на понудувачите

- Потребна документација за учество на тендер

- Евалуација на понудите

- Електронски систем за јавни набавки

- Електронска жалба и рокови за изјавување на жалбата

Дигитални сертификати

- Негативна референца и издавање на истата

- Измена на склучен договор и услови кои треба да се имаат во предвид


Предавачи:

м-р Марија Јованоска: Лидер на тимот за имплементација и развој на електронскиот систем за јавни набавки и 

м-р Горан Давидовски: Помошник раководител на секторот за управување на ЕСЈН.


Пријавување:

Пријавувањето за учество на обуката се врши најдоцна до 10.06.2024 година на е-пошта: obuki@act.com.mk. 

Не ја пропуштајте оваа уникатна можност за професионален развој и унапредување на вашето знаење во областа на јавните набавки!

Developed By: