Во организација на АЦТ! беше одржана уште една обука наменета за економските оператори во рамките на проектот за постојана едукација во делокругот на јавните набавки.
Претставниците на економските оператори и на оваа практична обука преку тест-сценарија имаа прилика непосредно и со асистенција на предавачите од Бирото за јавни набавки да се запознаат со концептот на е-набавки и со основните карактеристики на Електронскиот систем за јавни набавки. На оваа обука беше претставен целокупниот процес на учество на задолжителните е-јавни набавки, и тоа: креирање на кориснички профили и запознавање со функционалностите на профилот на ЕСЈН на економските оператори; пребарување и преземање на тендерски документации и поставување на прашања пред јавно отворање; поднесување на понуда и дискусија во однос на поефикасна подготовка и поднесувае на понуди преку ЕСЈН; тест-сценарио за различни видови на е-набавки; користење на дигитални сертификати; електронска аукција и концепт на поднесување на конечна цена; концепт и видови на е-акуции, како и претставување на последните новини и подобрувања на ЕСЈН.
На обуката, покрај другото, имаше богати дискусии, прашања и одговори, како и размена на искуства помеѓу учесниците и обучувачите, а беа споделени и препораки и искуства од добрата пракса за користење на ЕСЈН за економските оператори.
Ценејќи дека интерактивниот пристап и непосредноста се најделотворни концепти за еднодневни обуки, а со цел знаењата и вештините кои се стекнуваат на обуките да им бидат од корист на учесниците во нивното понатамошно работење и пракса, тимот на АЦТ! продолжува со организирање на обуки за економските оператори.
2023 ACT Consultancy services