УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА ЕДНО-ДНЕВНА ПРАКТИЧНА ОБУКА ЗА КАКО ДА СЕ УЧЕСТВУВА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

На ден 11.02.2016 година, АЦТ! успешно спроведе едно-дневна практична обука за функционалностите што ги нуди електронскиот систем за јавни набавки. На обуките учествуваа околу 30 економски оператори. Главна цел на обуките беше преземање тендерска документација, поднесување понуда, електронско потпишување и учество на електронски аукции. Обуките се базираа на интеракција и практична работа. За таа цел, секој учесник преку својот лап-топ целосно ја спроведе постапката во ЕСЈН. Во спроведувањето на обуката беа вклучени предавачи од Бирото за јавни набавки. Со тоа, учесниците имаа можност да ги разрешат сите отворени прашања и проблеми со кои се соочиле во праксата.

Заради големиот интерес кај економските оператори за оваа тематика АЦТ! организира уште една ваква обука на 3 март 2016 година. 

Повеќе информации на тел: 02/3224-131

Developed By: