УСПЕШНО СПРОВЕДЕНИ 2 ЕДНО-ДНЕВНИ ПРАКТИЧНИ ОБУКИ ЗА ПРИМЕНА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТОТ (ОЦЕНУВАЊЕ) НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

На ден 15.10.2015 и 16.10.2015 година, АЦТ! успешно спроведе 2 едно-дневни практични обуки за практична примена на системот за управување со ефектот(оценување) на административните службеници. На обуките учествуваа околу 80 претставници од органите на државната управа, општините, јавните претпријатија, институциите од областа на здравството и високото образование. Главна цел на обуките беше да се оспособат учесниците за правилна примена на новиот начин за оценување на административните службеници, пред се во делот на постапката за оценување на ефектот на административните службеници, спроведувањето на полугодишното интервју, како и утврдувањето на индивидуален план за стручно усовршување.

Обуките се базираа на интеракција и практична работа. За таа цел, за секој учесник беа обезбедени обрасци за оценување на административните службеници, со чија помош  учесниците вежбаа како практично да се оценува државниот службеник. Со тоа, учесниците имаа можност да ги разрешат сите отворени прашања и проблеми со кои се соочиле во праксата.

Developed By: