ПРОМОВИРАН ВОДИЧОТ „Е-ЈАВНИ НАБАВКИ: ПОДГОТВИ СЕ!“ И ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА Е-НАБАВКИ ЗА ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ

На 26.10.2016 год. во организација на АЦТ! ДОО Скопје беше одржана промоцијата на првиот сеопфатен водич за е-набавки „е-Јавни набавки: Подготви се!“ чии автори се Марија Јованоска и Горан Давидовски, професионалци со долгогодишно искуство во е-набавките.

Во рамките на промоцијата беше одржано и советување за е-набавки за повеќе од 80 претставници на договорните органи. На советувањето беа презентирани придобивките од воведувањето на е-набавките, концептот на е-набавки и основните карактеристики на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), како и претставување на последните новини и подобрувања на ЕСЈН. Покрај тоа, предавачите, воедно и автори на водичот за е-набавки споделија примери од добрата пракса и дадоа корисни технички препораки и насоки за користење на ЕСЈН за договорните органи при спроведување на постапки за јавни набавки. Последниот дел од советувањето беше посветен на дигиталните сертификати, како и на честите технички проблеми и тешкотии со кои се соочуваат корисниците на ЕСЈН.

Во текот на советувањето од страна на претставниците на договорните органи беа покренати интересни и корисни дискусии, а беа поставувани и многубројни прашања во насока на надминување на проблемите и дилемите во пракса при користење на Електронскиот систем за јавни набавки.

Првата група на учесници на серијата промотивни настани, меѓу другото, имаа можност по специјална цена да го добијат и новиот водич за е-набавки.

Поради голем интерес за претставување на новиот водич и советувањето за е-набавки за договорните органи, АЦТ! ДОО Скопје на 23.11.2016 год. организира уште настан. За повеќе информации за наредното советување обратете се на телефон 02/3224-131 или на е-пошта: obuki@act.com.mk

Developed By: