ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ

На 06.04.2017 год. во организација на АЦТ! беше одржано практично советување на тема: „Првични искуства од примената на новиот Закон за извршување и актуелни прашања и предизвици произлезени од Законот за извршување“.

Во фокусот на советувањето беше новиот Закон за извршување низ призма на неговата примена во пракса, односно првичните искуства од примена на овој нов закон. Оттука, во првиот дел од советувањето беше разгледан новиот vs. стариот Закон за извршување, правозаштитните барања како право на приговор, жалба и право на тужба, новите околности и улоги произлезени од новиот ЗИ, правата и обврските на должниците и доверителите, а беа презентирани и практични насоки за правилно спроведување на вонсудската наплата на побарувања за што говореше извршителот Гордан Станковиќ.  Вториот дел од советувањето беше посветен на насоките за примена на новиот ЗИ наменети за корисниците на извршителските услуги: адвокати, трговски друштва, јавни претпријатија и др., практичен осврт на извршната постапка согласно новиот ЗИ, како и осврт на сите средства врз кои се врши извршување и специфичности кои се однесуваат на извршување врз недвижен, движен имот, банкарски сметки, итн. Посебен дел од советувањето беше посветен и на актуелните прашања и предизвици произлезени од новиот Закон за извршување, односно прашања произлезени од новиот Закон за кои постојат дилеми при нивното спроведување во пракса за што говореше извршител Снежана Фитеска.

Целта на ова советување бешее да даде практични и јасни насоки за спроведување на новиот Закон за извршување, а самото советување беше наменето за корисниците на извршителските услуги: адвокати, претставници на банките и сите трговски друштва кои се јавуваат во улога на должници и/или доверители, јавни претпријатија, итн.

Низ дискусиите и прашањата на советувањето, учесниците добија прецизни одговори за правилна примена на новиот Закон за извршување

Developed By: