На 30.05.2017 год. во организација на АЦТ! ДОО Скопје беше одржана практична обука посветена на правилното спроведување на е-јавните набавки наменета за договорните органи.
Целта на серијата практични обуки од областа на е-набавките е на учесниците да им ги презентира сите аспекти кои произлегуваат од задолжителноста во примената на е-набавки во 2017 година, при што е предвидено најмалку 50% од постапките за јавни набавки да се спроведуваат со електронски средства, односно преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН). Токму затоа на оваа специјализирана и практична обука за претставниците на договорните органи го поканивме експертот за е-набавки во Република Македонија, Горан Давидовски, кој благодарение на своето долгогодишно практично искуство во оваа област, им ги презентираше на учесниците техничките и нормативните аспекти на е-набавките, а со цел учесниците да добијат правилни насоки и нивна лична подготовка за спроведување на задолжителните е-набавки преку ЕСЈН.
Обуката се одржа во исклучително интерактивна атмосфера благодарение на многуте интерактивни вежби и примери кои ги работеше предавачот заедно со учесниците.
2023 ACT Consultancy services