ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА НОВИНИТЕ И АКТУЕЛНОСТИТЕ ВО ТРУДОВОТО ЗАКОНАДВСТВО

На 10.10.2017 год. во организација на АЦТ! ДОО Скопје беше одржано советување на тема: „Новини и актуелности во трудовото законодавство: Правилна примена на законските одредби и судската пракса поврзани со договорите за вработување и нивното откажување, работната успешност низ призма на колективните договори, годишните одмори во приватниот и јавниот сектор, користење на правата што произлегуваат од бременост, раѓање и родителство и новините во Законот за минимална плата во Република Македонија“

Советување ги спои нормативните аспекти и судските пракса во врска со примена на Законот за работните односи, особено за оние одредби за кои сметаме дека предизвикуваат бројни дилеми и неунифицирана примена во пракса. На ова советување во првиот дел беше обработен договорот за вработување со неговите суштински елементи, престанокот и основите за откажување на договорот. Вториот дел беше посветен на практичен осврт на постапките за откажување на договорот за вработување и судската пракса. Третиот дел во фокус го имаше следењето на работната успешност низ призма на колективните доовори за јавниот и приватниот сектор, а во четвртиот и петиот дел беа разгледани сите аспекти на правата кои произлегуваат од бременост, раѓање и родителство, како и годишните одмори. Последниот дел од советувањето беше посветен на новините во трудовото законодавство, поточно измените и примената на Законот за минимална плата во Република Македонија.

Презентери на ова советување беа д-р Зоран Михајлоски, адвокат, поранешен судија на Апелационен суд - Скопје и вонреден професор по трудово право на Американ колеџ – Скопје и автор на повеќе стручни и научни трудови од областа на трудовото право и Стојан Трајанов, поранешен државен советник за труд со богато нормативно искуство во областа на работните односи и трудовото законодавство и автор на најновиот „Коментар на Законот за работните односи“. Предавачите детално ги обработија прашањата кои беа во фокус на ова советување и на практичен начин дадоа осврт на дилемите кои ги имаат лицата кои работат во правните служби, службите за човечки ресурси, кабинетите на работоводните органи, како и лицата кои секојдневно се среќаваат и ги применуваат поголемиот дел од овие одредби.

Developed By: