ОДРЖАНИ ДВЕ ПРАКТИЧНИ ОБУКИ ЗА Е-НАБАВКИ ЗА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ И ДОГОВОРНИ ОРГАНИ

На 30.11.2017 год. и 06.12.2017 год. во организација на АЦТ! беа одржани две обуки за е-набавки - едната специјализирана за договорните органи, а другата за економските оператори.

Целта на серијата специјализирани практични обуки од областа на е-набавките е на учесниците да им ги презентира сите аспекти кои произлегуваат од задолжителноста во примената на е-набавки во пресрет на 2018 година, при што е предвидено целосно спроведување на постапките за јавни набавки со електронски средства, односно преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

Благодарение на многуте вежби и увид во системот за е-набавки, како и долгогодишно практично искуство на предавачите во оваа област, учесниците покрај со техничките беа запознаени и со нормативните аспекти на е-набавките.

Оттука, учесниците на обуките на АЦТ! за е-набавките добиваат практични и правилни насоки и нивна лична подготовка за спроведување на задолжителните е-набавки преку ЕСЈН.

Developed By: