ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ИСКУСТВА ОД ПРИМЕНАТА НА ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО

На 26.01.2018 год. (петок) во хотел Квинс (Т.Ц. Зебра), Скопје, АЦТ! ДОО Скопје одржа практично советување на тема: „Искуства од примената на Законот за работните односи низ призма на работата на Државниот инспекторат за труд, регулација на работното време и годишните одмори, престанок на работниот однос поради економски или технолошки вишок, мобилност во јавниот сектор и понуда на нов променет договор за вработување“

Советување ги спои нормативните аспекти и инспекциската пракса во врска со примена на Законот за работните односи. На ова советување беа опфатени неколку теми, и тоа:

1. споделување на искуствата од примената на Законот за работните односи низ призма на работата на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) со насоки за подобра подготвеност на субјектите за инспекциски надзор осврнувајќи се на елементите на инспекцискиот надзор од областа на трудот.

2. практичен осврт на прекршочната постапка и евиденцијата и видовите на работно време од аспект на искуствата на ДИТ.

3. правната рамка која се однесува на работното време и годишните одмори,

4. условите и начинот на престанок работниот однос поради економски или деловни причини (технолошки вишок),

5. распоредувањето на вработени од јавниот сектор преку мобилност и

6. понуда на нов променет договор за вработување.

Предавачите, благодарение на своето долгогодишно практично искуство во областите кои беа во фокус на советувањето, детално ги објаснија овие прашања презентираа практично применливи одговори на дилемите кои ги имаат лицата кои работат во правните служби, службите за човечки ресурси, кабинетите на работоводните органи, како и лицата кои секојдневно се среќаваат и ги применуваат поголемиот дел од овие одредби.

Предавачи на ова советување беа:

* Злате Стојановски, раководител на Одделение за инспекциски надзор од област на труд при Државен инспекторат за труд и

* Стојан Трајанов, поранешен државен советник за труд со богато нормативно искуство во областа на работните односи и трудовото законодавство и автор на најновиот „Коментар на Законот за работните односи“.

Советувањето помина во интерактивна атмосфера со размена на искуства, дискусија и презентација на најдобрите практики при примената на трудовото законодавство.

Developed By: