ОДРЖАНА ОБУКА ЗА СЛУЖБЕНИЦИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И ОДГОВОРНИ ЛИЦА КАЈ ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ

По барање на лицата кои работат јавни набавки, членовите на комисии и одговорните лица за јавни набавки, кои во изминатиот период не поминале обука за електронско спроведување на постапката или сакаат да го потврдат своето знаење, беше организирана обука како дел од серијата практични обуки од област на јавните набавки на 03.02.2018 год. во хотел Квинс (Т.Ц. Зебра).

Обуката беше спроведена на високо интерактивно ниво со дискусии, тестни сценарија и примери на што да се внимава и како да се надминат предизвиците со 100% електронски јавни набавки.

Лица кои се почетници или имаат мало искуство во јавните набавки на обуката добија јасни, применливи насоки и препораки како правилно од законски и технички аспект да спроведат електронска постапка за јавна набавка во целост - од објава на оглас до доделување на договорот и објава на склучениот договор со листи на цени. Исто така, учесниците беа запознаени и со предлозите и новините кои се очекуваат во 2018 година во однос на законските измени.

Обучувачи на обуката беа:

Марија Јованоска и Горан Давидовски, експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, директно вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија

АЦТ! ДОО Скопје и понатаму продолжува со серијата практични обуки од област на јавните набавки за економските оператори и договорните органи со цел континуирана едукација на лицата кои работат во област на јавните набавки.

Developed By: