ОДРЖАНА ОБУКА ЗА ЛИЦА КОИ ГИ ПОДГОТВУВААТ ПОНУДИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, ОВЛАСТЕНИ И ОДГОВОРНИ ЛИЦА КАЈ ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ

По барање на лицата кои ги подготвуваат понудите за јавни набавки на 03.03.2018 год. беше одржана специјализирана обука во хотел Квинс.

Овластените и одговорни лица кај економските оператори како учесници на оваа обука беа запознаени со тестни сценарија и примери на што да се внимава и како да се надминат предизвиците со 100% електронски јавни набавки.  Претставниците од малите и средни претпријатија, како и претпријатија кои се почетници или немаат никакво искуство во јавните набавки, на обуката ќе добија насоки и препораки како правилно од законски и технички аспект да подготват и поднесат електронска понуда и успешно да учествуваат на јавните набавки. Исто така, беа запознаени и со предлозите и новините кои се очекуваат во 2018 година во однос на законските измени.

Обуката беше одржана на високо интерактивно ниво со дискусии,  примери од пракса и јасни насоки за надминување на одредени дилеми, непознаници или нејаснотии благодарение на искуството и еспертизата на предавачите Марија Јованоска и Горан Давидовски.

Developed By: