На 21.04.2018 год. во хотел Градче, Кочани беше одржана специјализирана обука за е-набавки за економските оператори од источниот дел на Република Македонија.
Претставниците од малите и средни претпријатија, како и претпријатија кои се почетници или нема никакво искуство во јавните набавки на обуката добија насоки и препораки како правилно од законски и технички аспект да подготват и поднесат електронска понуда и успешно да учествуваат на јавните набавки. Исто така,учесниците беа запознаени и со предлозите и новините кои се очекуваат во 2018 година во однос на законските измени.
2023 ACT Consultancy services