ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА И ПРЕДИЗВИЦИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО ПРЕСРЕТ НА НОВИНИТЕ И НАЦРТ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

На 15.05.2018 год. во хотел Квинс, Скопје беше одржано уште едно советување за актуелни прашања, предизвици и дилеми при имплементација на Законот за јавните набавки, а беше даден и осврт на новините предвидени со нацрт Законот за јавните набавки.

Учесниците на советувањето имаа можност да слушнат појаснувања и мислења во врска со примената на решенијата од актуелниот Закон за јавни набавки; добија одговори на прашања и проблеми со кои се соочуваат во секојдневното спроведување / учество на јавните набавки и се запознаа со правилата од новиот нацрт Закон за јавни набавки кој го презентираат лицата кои учествуваат во изготвувањето на истиот и преку дискусија имаа можност да дадат предлози за подобрување на законскиот текст.

Богатото професионално искуство во областа на јавните набавки на предавачите Рита Глигоријевска и Горан Давидовски како експерти за јавни набавки и ЕУ / УНДП / ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки и директно вклучени во изработка на новиот закон и развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија имаше дополнително значење за успешноста на ова советување.

Developed By: