СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРОПИСИТЕ ЗА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ВРАБОТУВАЊА, УНАПРЕДУВАЊА, МОБИЛНОСТ, ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА, АКТИ ЗА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА И КОРИСТЕЊЕ НА ИСУЧР

На 22.05.2018 год. во хотел Квинс, АЦТ! ДОО одржа практично советување на тема „Како да ги решите дилемите и правилно да ги примените прописите за јавната администрација: планирање на вработувања, постапки за вработување и унапредување, мобилност, функционална анализа, акти за систематизација и ИСУЧР“ кое наиде на голем интерес од страна на лицата кои се директно вклучени во областа на човечките ресурси во јавната администрација.

Новините содржани во законите за јавната администрација кои што се однесуваат на начелата, правата, обврските, како и сите други статусни прашања од работно-правниот однос на вработените во јавниот сектор резултираа со примена на еден целосно нов пристап кон управувањето со човечките ресурси, усогласен со најдобрите светски практики за управување со човечки ресурси базирани врз компетенции, кои во значителна мерка се разликуваат од правилата уредени со општото работно законодавство. Токму затоа, ова советување беше организирано со цел да се разменат досегашните искуства од примената на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници, да се дадат насоки и одговори на одредени дилеми и најснотии, како и да се презентираат начини за правилна примена на споменатите закони во корелација со Законот за работни односи, но и со посебните закони од специфичните области кои ја сочинуваат јавната администрација во Република Македонија. Во фокусот на советувањето беа следните теми:

- Функционална анализа - Усогласување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места - Информациски систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) - Планирање на вработувања - Спроведување на постапки за вработување и унапредување во јавниот сектор - Мобилност во јавниот сектор

Исклучително компетентните предавачи - експерти во областа на јавна администрација и управување со човечки ресурси со богато професионално искуство во примена на споменатите закони, како Билјана Николовска - Жагар, државен советник, Министерство за информатичко општество и администрација и Бранка Минчева Коцевска, раководител на одделение за управување човечки ресурси, Министерство за информатичко општество и администрација, придонесоа и ова, како и другите настани во организација на АЦТ! да поминат во исклучително интерактивна атмосфера, верувајќи дека тоа е најдобриот начин за потврдување на стекнатите знаења и примена на новодобиените знаења во пракса.

Developed By: