ОДРЖАНО СОВЕТУВАЊЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОПШТА УПРАВНА ПОСТАПКА И ЗАКОНОТ ЗА УПРАВНИТЕ СПОРОВИ

Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје на 04.06.2018 год. во хотел Квинс го организираше практичното советување на тема: „Искуства и добри примери за имплементација на Законот за општа управна постапка и Законот за управните спорови - постапка пред првостепен орган, правна заштита во прв и втор степен и управно-судска постапка“.

Според бројни практичари при примената на Закон за општа управна постапка (ЗОУП) постојат одредени нејаснотии, различни толкувања и погрешна примена. И во имплементацијата на Законот за управните спорови (ЗУС) постојат отворени прашања и дилеми заради кои се најавуваат законски промени во оваа материја. Токму поради тоа, АЦТ! го организираше ова советување чијашто цел е преку јасни инструкции и практични примери учесниците да ги осознаат правилните начини на примена на одредбите од ЗОУП и ЗУС.

Во презентациите и во текот на дискусиите беше даден осврт на решенијата содржани во законите, се посочија искуствата од досегашната примена на ЗОУП и ЗУС и беа презентирани предлог-решенија за надминување на проблемите при имплментација на овие закони.

Предавачи на ова советување беа: - Ирена Брзанова, претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и член на работната група за изготвување на новиот ЗОУП - Марија Петрова Блажевска, државен советник во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и - Жарко Хаџи-Зафиров, адвокат од Адвокатското друштво „Бона фиде“ чијашто специјалност се управната постапка и управните спорови

Покрај презентациите од стручни и компетентни предавачи, учесниците поставуваа прашања, добија одговори од предавачите и се развија дискусии со цел учесниците да ги надминат дилемите со кои се соочуваат при примена на ЗОУП и ЗУС.

Developed By: