Во организација на АЦТ! на 03.11.2018 год. беше одржано уште едно советување од областа на јавните набавки на тема „Јавни набавки - детална презентација на новините во нацрт законот и како измените ќе придонесат за надминување на актуелните прашања, дилеми и предизвици?“.
Предавачот со долгогодишно искуство во областа и директен учесник во изработка на новиот Закон за јавните набавки, м-р Горан Давидовски, ги презентирање новините предвидени со новиот закон и даде осврт на начинот на кој измените ќе ги изменат постапките за јавни набавки, како за договорните, така и за економските оператори.
Учесниците на ова советување имаа можност: - да ги увидат новините и измените во новиот Закон за јавни набавки преку детална презентација на истите и објаснување за причините за измените и подобрувањата ви регулативата - добија единствена можност за размена на мислење и дискусија со лице вклучено во процесот на изготвување на новиот закон за јавни набавки - да ги увидат предностите на електронските постапки за јавни набавки и да добијат насоки на што да внимаваат. - подетално и изворно да се запознаваат со новите алатките што ги нуди Електронскиот систем за јавни набавки, - добија одговори на прашања и проблеми со кои се соочуваат во секојдневното спроведување/учество на јавните набавки и - проследија детално објаснување на сите новини на ЕСЈН кои задолжително ќе се користат од 2019 година.
2023 ACT Consultancy services